Бројот на сообраќајните прекршоци никако значително да се намали, покажуваат и вчерашните контроли на скопската сообраќајна полиција. МВР денеска соопшти дека полицијата во текот на вчерашниот ден санкционира 167 возачи на подрачје на Скопје.
Она што е посебно загрижувачки е тоа што вчера имало голем број на сообраќајни прекршоци кои претставуваат сериозно загрозување на безбедноста во сообраќајот.
-Шеснаесет лица возеле со повеќе од пропишаната брзина, 10 мерки биле изречени за возење без возачка дозвола, 14 санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, девет мерки за користење на мобилен телефон при возење…, информира МВР.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информираат од МВР.