Казнети 253 возачи во Скопје, секој втор возел пребрзо

Масовно прекршување на ограничувањето на брзината на 50 километри на час се случувало вчера на скопските сообраќајници. Тоа го покажува и полицискиот извештај за направените контроли.

-На територија на град Скопје изречени се вкупно 253 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 117 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, четири санкции за управување под дејство на алкохол, соопшти денеска МВР.

Изречени се шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 12 санкции за користење мобилен телефон при управување возило, три мерки за недавање првенство на минување на пешаци…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Претходна вестДобри Даскалов учествуваше во грабнувањето на Мис Стон и се бореше за слобода на македонскиот народ
Следна вестСе загубила додека берела печурки во атариот на селото Горно Средорече, ја пронашле по целовечерната потрага