Темен режим Режим на светлина

Се загубила додека берела печурки во атариот на селото Горно Средорече, ја пронашле по целовечерната потрага

Утрово е пронајдена жена чиешто исчезнување било пријавено вчера во атарот на селото Горно Средорече во општина Дебрца, соопшти Центар за управување со кризи. Регионалниот ЦУК Охрид, добил известување од СВР Охрид дека едно лицето од с. Горно Средорече се изгубило од 20:40 часот вчера и по него била организирана потрага.

-Сопругот, кој го пријавил исчезнувањето, информирал дека биле задно да собираат печурки на различни локации низ шума. Кога требало да се сретнат на договореното место, кај нивниот автомобил, лицето не се појавило, информира ЦУК.

Во потрага по исчезнатото лице била вклучена и единицата за спасување на планина со куче за обучено за пребарување, екипа на полицијата од СВР Охрид, како и мештани од селото, и роднини на исчезнатото лице. Потрагата траела за дел од трагачите до еден часот по полноќ, дел од мештаните и роднините останале на терен.

-Утрово од 05.00 часот сите екипи излегле на терен, по што за кратко време изгубеното лице било пронајдено, се наведува во соопштението.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Казнети 253 возачи во Скопје, секој втор возел пребрзо

Следна објава

Убаво: Општина Гази Баба обезбеди финансиска поддршка за летување на 400 ученици