Две лица влегле во куќа во Струмица и го истепале и ограбиле домаќинот

Две лица влегле во куќа на 64-годишен маж, во Струмица и него го истепале и го ограбиле. Двајцата биле задржани во полициска станица и со нив бил извршен службен разговор

– На 19.06.2023 во 14.00 часот и на 20.06.2023 во 04.30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Ј.Д.(31) од Струмица и С.Д.(50) од с.Три Води, струмичко. Тие се сомничат дека на 19.06.2023 околу 05.00 часот со употреба на сила и тврди предмети влегле во куќата на С.Н.(64) од с.Три Води, физички го нападнале и му одзеле пари, информираат од МВР.

Двајцата биле задржани во полициска станица и со нив бил извршен службен разговор. За настанот бил запознаен јавен обвинител и по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестПа, како може Црвенковски да не верува во „датумот“ на Ковачевски?
Следна вестГерманец и Албанка осомничени за трговија со дрога на Деве Баир