На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 272 санкции, меѓу кои 63 прекршоци за пречекорување на дозволената брзина на движење, соопшти денеска МВР.
-Изречени се санкции на15 за технички неисправни возила, 20 за возење без возачка дозвола и 2 мотоциклисти. Изречени се 87 мерки за непрописно паркирање, 79 возила се подигнати со „пајак“, а изречени се 22 казни за неносење на заштитна маска, се наведува во информацијата.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за зголемување на безбедноста во сообраќајот.