Скопската полиција вчера изрекла голем број на казни на возачите коишто не користеле сигурносен појас – дури 55. Споредено со вкупниот број на изречени казни – 299, излегува дека секој четврти возач санкцијата ја „заработил“ проаид овој сообраќаен прекршок. Досега, сообраќајна полиција во мошне мала мерка го санкционираше некористењето на појасот кој штити во случај на сообраќајни несреќи. Значи ли тоа дека во иднина скопските возачи ќе треба поредовно и да го употребуваат бидејќи впечатокот од улиците е дека тој ретко се користи?
Инаку, за возење повеќе од дозволената брзина 43 санкции, 27 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло.
-Изречени се 12 мерки за користење мобилен телефон при возење, четири мерки за управување под дејство на алкохол…, соопшти полицијата.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголемиме безбедноста во сообраќајот.