Викендов пчеларски саем во Скопје

Мед, пчелни производи и пчеларска опрема ќе бидат изложени на петтиот пчеларски саем, кој од денеска до недела ќе се одржува на плоштадот „Македонија“ во Скопје.

На саемот ќе учествуваат пчелари од цела држава и производители на мед и на пчелни производи, кои ќе им понудат на потрошувачите да одлучат, да дегустираат и да го разликуваат вистинскиот од лажниот мед.

Главен покровител е Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), а домаќин Град Скопје. Организатор е ПФМ (Пчеларска федерација на Македонија). Саемот ќе биде отворен од 9 до 18 часот.

Податоците од Агенцијата за храна и ветеринарство покажуваат дека во 2022 година во земјава имало 290.879 пчелни семејства, што е намалување за седум отсто во споредба со 2021 година. Исто така, за шест отсто се намалил и бројот на пчелари во Македонија. Кога станува збор за производството, во 2018 година биле произведени околу 560 тони мед, а во 2021 година само 140 тони мед.

Претходна вестКазнети 299 возачи, 55 не носеле сигурносен појас, 27 немале дозвола…
Следна вестИванов во посета на Кинеската академија на општествени науки во Пекинг