Скопските моторџии вчера биле најбројна категорија според бројот на сообраќајните прекршоци направени на скоспките улици. МВР денеска соопшти дека вчера имало 264 сообраќајни прекршоци во Скопје при што 63 санкции се изречени за прекршоци што ги прават мотоциклистите
-Меѓу другите санкции имало и 76 за возење повеќе од дозволената брзина, 36 санкции за возење под дејство на алкохол, 25 мерки за возење без возачка дозвола. Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон, седум санкции за нерегистрирани возила, девет мерки за возач почетник, девет санкции за некористење сигурносен појас…, соопшти полицијата за вчерашните контроли.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопшти полицијата.