Казнети 815 возачи за брзо возење, еден од нив „летал“ со 205 километри на час

Во спроведената акциска контрола на територијата на целата држава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, во текот на вчерашниот ден се санкционирани 815 возачи, соопшти МВР.

Од нив 52 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 13 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 397 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 418 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Претходна вестБернштајн, Гершвин и Гулда во изведба на Филхармонијата
Следна вестЛевица: ДПМНЕ во служба на урбаната мафија изгласа катастрофален ДУП