Казнети осуммина моторциклисти, 33 санкции за брзо возење…

Топлото време донесе и повеќе моторциклисти на скопските улици, но со тоа дојдоа и сообраќајни прекршоци коишто ги прави оваа категорија на учесници во сообраќајот. Така, при вчерашните контроли на скопските сообраќајници полицијата казни осуммина моторциклисти.

-На територија на град Скопје изречени се вкупно 128 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 33 санкции, шест мерки за возење без возачка дозвола и две санкции за управување возило под дејство на алкохол, се наведува во соопштението.

Изречени се четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, четири санкции за користење мобилен телефон при управување возило, една мерка за некористење сигурносен појас…

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.

Претходна вестЕпископ Давид: Да се запишат имињата на пратениците кои ќе гласаат за законот за родова еднаквост, Црквата може да ги лиши од крштевки, венчавки, погреби
Следна вестГолеми немири по убиството на 17-годишното момче во Франција