Епископ Давид: Да се запишат имињата на пратениците кои ќе гласаат за законот за родова еднаквост, Црквата може да ги лиши од крштевки, венчавки, погреби

Да се запишат имињата на паратениците во македонскиот парламент кои ќе гласаат за закон за родова еднаквост за да Црква може да ги лиши од венчавки,крштевки, погреби… порачува викарен епископ на Скопската епархија, со титула Епископ Дремвитски Давид. Во пресрет на вечерашниот црковен собир против законите за матична евиденција и за родова еднаквост, организиран од МПЦ-Охридска Архиепископија, на својот блог, довчерашниот епископ на ПОА (која се претопи во МПЦ-ОА) и кој сега е помошник на архиепископот г.г. Стефан, е оценува дека законското решение за родова еднаквост е „израз на најновиот вид анархија, продуцирана директно од државата, бидејќи таа не го слуша гласот на народот“. Тој вели дека ниту државата, ниту црквата нема против правото на избор, но оти е недозволиво „насила да се наметнува стилот на живеење на некоја минорна група“.

-Затоа, ќе треба внимателно да се запишат имињата и презимињата на оние народни пратеници, кои евентуално би кренале рака за спомнатиот закон за родова еднаквост, поточно – закон за дехуманизација! Потоа, црквата, секако доколку посака, може да размисли и да одлучи, пратениците, кои би го поддржале законот, кондиционално да ги лиши од сите свештенодејствија, кои тие, очигледно само од адет, би милувале да ги прават. Значи, доколку се декларираат како христијани, тие пратеници би биле лишени од крштевки, венчавки, погреби и сите други богослужби, кои го сочинуваат свештенотаинскиот живот на црквата, барем до мигот кога јавно ќе се преумат. На тој начин, не само поединци, туку сите заедно како општество, хармонично, еманципирано и без анархија, во мир и целосно меѓусебно почитување, ќе можеме да ги уживаме благодетите, кои ги нуди секуларното општествено уредување, порачува владиката Давид.

Тој објаснува дека црквата никогаш не ги осудува и не е против луѓето, кои имаат некаков свој, помеѓу останатото и сексуален избор.

-Тоа е нивен личен избор, кој се однесува на нивната совест. Истовремено, црквата одлучно смета дека тие луѓе не смее да бидат подложени на дискриминација или на казни! Од друга страна, пак, не е возможно да биде дозволен еден специфичен вид на „апартхејд“, поточно едно издвојување на било каква минорна трансродова група, која на тоталитаристички начин ќе му го наметнува својот стил на постоење на севкупното општество. А, новиот предлог закон за родова еднаквост го има токму трансхуманизмот како своја појдовна точка: се искоренува досегашниот модел на човек со сето негово достоинство и историја, и, се воведува нов модел на човек, кој лебди на површноста од своето постоење На крајот на краиштата, христијанскиот модел на човек секогаш подразбира сопостоење со другиот, кој и да е тој, додека пост-човечкиот модел ја подразбира слободата единствено како целосна ослободеност од другиот, како поништување на различниот!!“, пишува тој во објавата.

Претходна вестЧеде Филиповски – Даме херојски заробуваше окупатори во утврдени касарни и спасуваше ранети партизани: Загина на 22 години…
Следна вестКазнети осуммина моторциклисти, 33 санкции за брзо возење…