И овој викенд не можеше да помине без поголем број на казнети возачи поради возење во пијана состојба. При вчерашните контроли на скопските сообраќајници полицијата за овој вид прекршок казнила 25 возачи. Но, имало и повеќе други прекршоци бидејќи полицијата вкупни санкционирала 180 возачи.
-За возење повеќе од дозволеното имало 45 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, седум мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за возач почетник, четори мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), две санкции за некористење сигурносен појас…, соопшти полицијата.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.