Казни за 23 лица, возеле и зборувале на мобилен телефон

Вкупно 354 возачи вчера биле санкционирани од страна на полицијата во време на контролите на скопските сообраќајници, соопшти денеска полицијата.

Од вкупниот број на санкции во Скопје, 43 се за технички неисправни и нерегистрирани возила, 8 мерки за недавање на првенство на минување, 23 мерки за користење на мобилен телефон, 76 мерки за непрописно паркирани возила и 46 возила се подигнати од „пајак“ службата, а изречени се 30 санкции за неносење на заштитна маска, се наведува во соопштението на МВР.

Претходна вестКапацитетите на ковид центрите во Скопје проширени за уште 43 кревети
Следна вестTешко повредена 54-годишна жена, излетала со возилото од патот