Капацитетите на ковид центрите во Скопје проширени за уште 43 кревети

Ковид одделенијата во Скопје од утрово се проширени за дополнителни 43 кревети кои се ставени во функција на пациентите суспектни и потврдени за Ковид- 19, соопшти Министерството за здравство.

Од 8 часот почна да работи ковид оддлелението на Кликината за очни болести со капацитет од 23 кревети, а ковид центарот во ГОБ 8 Септември е проширен за 20 нови места. Таму капацитетот од досегашните 80 се зголемува на 100 болнички кревети.

Ковид центарот на Клиниката за Очни болести е во склоп на Интерните клиники и во него ќе работи кадар од овие клиники составен од инфектолози, интернисти и анестезиолози, како и среден медицински персонал. Клиниката е опремена со довод на гасови и може да ги згрижи сите болни кои имаат потреба од кислородна терапија.

Се очекува во најскоро време да се пушти и ковид центарот на Клиниката за уво нос и грло каде би се згрижле дополнителен број болни.

Претходна вестКражбите по Скопје најчесто ги прават повратници во криминалот
Следна вестКазни за 23 лица, возеле и зборувале на мобилен телефон