Кражбите по Скопје најчесто ги прават повратници во криминалот

Скопската полиција завчера успеа да фати двајца криминалци кои само во текот на септември и октомври годинава извршиле дури 18 тешки кражби во патнички возила на територијата на градот. Акција за поздравување која ќе придонесе да се намали бројот на кражбите што оваа „двојка“ значително го зголемувала.

Инаку, полициските податоци покажуваат дека токму повратници во криминалот се најчести сторители на кражбите. Неодамнешната анализа за кражбите на подрачјето на градот што ја направила скопската управа за внатрешни работи на МВР покажала дека повеќе од половина од сторителите се лица кои и порано краделе. Така, во 2019 година од вкупно 3.740 сторители дури 1.941 се повратници!? Значи, очигледно, треба да се постави прашањето зошто овие лица, кои веќе еднаш издржале казни, повторно му се враќаат на криминалот? Односно, да се види дали процесите на расоцијализацијата на овие лица одат онака како што треба. Фактот дека тие пак се враќаат на крадењето укажува дека на овие лица тоа им станува најлесен избор во ситуација кога не нашле друга работа или слично.

Евидентно е дека во градот постои сериозна бројка на искусни криминалци кои можат да обијат и најсигурни станови и да украдат најдобро чувани возила. „Скопско ехо“ неодамна објави дека криминалот е одомакинет во македонската метропола и дека во минатата година по скопските населби секојдневно се правел голем број на кривични дела – 29 во еден ден, од кои 23 се кражби.

Претходна вестМилошоски: Кој ќе има корист од богатата зделка меѓу Макпетрол и Заев, која тежи над 30 милиони евра?
Следна вестКапацитетите на ковид центрите во Скопје проширени за уште 43 кревети