Милошоски: Кој ќе има корист од богатата зделка меѓу Макпетрол и Заев, која тежи над 30 милиони евра?

Спогодбата меѓу Владата и компанијата „Макпетрол“ за купопродажба на дел од гасоводот, е тема на која пред малку се осврнал пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМН. Тој на Фејсбук напишал:

-(Не)зависни фирми, телевизии и големи пари!?

Денес во Собранието прва точка на дневен ред е спогодбата помеѓу Владата и Макпетрол (приватна фирма) за купопродажба на дел од гасоводот, во кој досега 50% сопственик беше Макпетрол. Инаку медиумот Телма (ТЕЛ-евизија МА-кпетрол) е 100% сопственост на Макпетрол и важи за силно провладин медиум, кој ги релативизира крупните грешки на Заев, а опозицијата често не ја ни третира или ја претставува негативно.

Зошто? Можеби затоа што според ревизорска куќа гасоводот на кој владата ќе врши откуп чини 36.000.000€, а Заев договорил за само 50% од истиот гасовод на Макпетрол (Телма) да му плати 32.000.000€. Кој ќе има финансиска и политичка корист од оваа богата зделка, која се прави во матно време и во услови кога арбитражата сеуште трае, кога буџетот, економијата, многу медиуми и многу стопанственици се во тешка криза?

Слободата на медиумите сигурно не, напишал пратеникот.

Претходна вестГази Баба ја надмина општина Аеродром по бројот на заразени од вирусот
Следна вестКражбите по Скопје најчесто ги прават повратници во криминалот