Темно Режим Светло Режим

Казни за 235 возачи во Скопје, секој трет непрописно се паркирал

Полицијата во текот на вчерашниот ден при акциски контроли во областа на сообраќајот на територијата на град Скопје изрекла вкупно 235 казни, меѓу кои 76 за непрописно паркирање, соопшти денеска МВР.

Изречени се и 22 мерки за возење без возачка дозвола 22, 12 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, за управување под дејство на алкохол 7 санкции и 45 санкции за неносење заштитна маска.

асилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел поголема безбедноста во сообраќајот, предупреди МВР.

Претходниот Пост

На бугарските патрдии и угодуваше и руската сенка, но...

Следниот Пост
СДСМ: Како е можно преку граница да поминале 5 тона дрога, а никој да не одговара?

На СДСМ отсекогаш му одеше добро распродажбата на државен имот, но нели се реформира?