Само на територијата на град Скопје вчера се изречени вкупно 299 мерки, соопшти денеска МВР.
-Меѓу изречените мерки 34 се за возење без возачка дозвола, 23 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 13 мерки за поминување на црвено светло на затворен семафор и 29 мерки за користење на мобилен телефон. Изречени се 95 мерки за непрописно паркирање и подигнати се 65 возила со специјално возило пајак. За неносење на заштитна маска изречени се 10 санкции, се наведува во информацијата.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, укажуваат од МВР.