Казни за 643 граѓани заради неносење маски

Во изминатово деноноќие по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 643 прекршоци, соопшти денеска МВР. Казна за овој вид прекршок е 20 евра во денарска противвредност.

-Освен ова, на територијата на земјава на 366 лица им се издадени решенија за изолација, а 125 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката, се наведува во информацијата.

Претходна вестИзложба на Марија Ќурчиева од вечерва во МКЦ
Следна вестХрватска повторно воведе 14-дневен карантин за македонски државјани