Од денеска повторно е во сила обврска за 14 – дневен карантин за македонски државјани кои влегуваат во Хрватска. Оваа држава истовремено воведе ваква обврска за уште три балкански земји во кои се зголемува бројот на заболените од корона вирусот. Според одлуката на Штабот за цивилна заштита на Хрватска, патниците од Македонија, Босна, Србија и од Косово ќе мора да одат во 14-дневна самоизолација по пристигнувањето Хрватска, освен оние кои транзитираат низ земјата.
Хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ потврди дека одлуката не важи за оние кои минуваат транзит.
На крајот на мај Хрватска ги отвори границите за десет европски земји, вклучувајќи ги Германија, Австрија и Естонија, а одлуката за четирите балкански држави ја донесе поради зголемување на бројот на позитивни на ковид-19 во нив.