Утре втора фаза од прскањето против ларви од комарци

Втората фаза од авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се изврши на 26.06.2020 година (петок) во раните утрински часови, соопшти денеска Градот Скопје.

-Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, се наведува во информацијата.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Претходна вестФрчат предизборни анкети од сите страни, точни ли се?
Следна вестПриведен полицаец од Скопје: Во возилото му нашле дрога и оружје