Приведен полицаец од Скопје: Во возилото му нашле дрога и оружје

Пронајдено оружје и дрога во возилото кое го управувал било причина за приведување на полициски службеник од Скопје вчера во Гостивар. Освен него, приведени биле уштe три други лица, исто така од Скопје.

-Синоќа во 21.40 часот во Гостивар на ул. „Илинденска“ поради постоење основи за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи и неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, гостиварската полиција ги привела Е.В.(29), М.К.(20), Л.Б.(24) од Скопје и М.К.(25), полициски службеник од Скопје, се наведува во информацијата.

При извршениот преглед во „бе-ем-ве“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.К., пронајдено било огнено оружје – непозната марка, со рамка и осум куршуми, како и кеса со остатоци од прашеста материја.

-Известен бил Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информира полицијата.

Претходна вестУтре втора фаза од прскањето против ларви од комарци
Следна вестОд 153 новозаразени 66 се во Скопје, починаа шест пациенти од вирусот