Температурите во пораст, попладне можен е дожд

Утринското сонце без облаци најавува вистински летен ден. Метеоролозите предвидуваат дека претпладне ќе биде сончево и топло, а попладне претежно во западните делови од Македонија ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 26 до 34 степени.

Во Скопје времето ќе биде слично. Попладне ќе има услови за краткотраен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе достигне 32 степени.

До сабота во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има услови и за изолирана појава на краткотрајно невреме. Во недела услови за краткотрајна нестабилност ќе има во западните делови.