Две жени каснати од куче – скитник, Градот ќе ја отвори ли „Лајка“?

Две скопјанки вчера биле искасани од кучиња – скитници. Во првиот случај 49-годишната Г.М. во полцииската станица Драчево пријавила дека вчера изутрина била искасана од куче додека се движела по булеварот „Србија“.

Околу полноќ, пак, на улицата „Јужноморавски бригади“ нападната и касната била 52-годишна скопјанка Л.К. Таа нападот го пријавила во полициската станица Гази Баба.

Овие напади се случуваат во неделата за која беше најавено дека ќе се отвори стационарот за хуман третман на бездомните животни „Лајка”. Таква најава на 17 јуни ја даде скопскиот градоначалник Петре Шилегов. Тој тогаш рече дека стационарот, кој беше најавен дека ќе се отвори за крајот на мај, најверојатно ќе се отвори во текот на оваа недела.

-Имавме мал застој во доопремувањето на стационарот поради вонредните состојби и епидемијата. Сега, таму се на крај, се заврши со целосно опремување, деновиве треба да имаме надворешно уредување на целиот тој локалитет и негово уредување. Очекувам следната недела конечно тој капацитет да го ставиме на располагање на граѓаните на Скопје, изјави Шилегов минатата недела.

Неделава полека изминува… 

Претходна вестФабио Скано од СЗО: Не е време за олабавување на мерките и за спуштање на гардот
Следна вестБоки 13 поднесе 11 кривични пријави против десетици функционери, политичари, бизнисмени…