Филипче: Денеска ќе побарам директорот Арбен Зибери да биде сменет

Апсолутни невистинити се денешните изјави на Арбен Зибери, директор на Центарот за јавно здравје во Скопје, и јас денеска ќе побарам да биде сменет, изјави пред малку Венко Филипче, министер за здравство.

Министерот одговараше на новинарско прашање врзано за денешната објава на Зибери на неговиот Фејсбук профил дека „помогнал во Комисија за заразни болести да се отворат границите за гласачите на ДУИ“.

-Тоа е апсолутна невистина. Зибери не е ниту член на Комисијата за заразни болести. Значи, ова е е вистина. Во текот на денот ќе се консултирам со правниците и тој ќе биде сменет, најави Филипче.

Во својата објава Зибери напиша дека укинувањето на тестирањето и 14-дневната изолација за иселениците е направено благодарение на придонесот на ДУИ во здравствените политики на владата.

Јас како член на Комисијата за заразни болести и другите членови помогнавме да се отворат границите и луѓето да се движат слободно без протоколите препорачани од СЗО. Зошто да не, дојдете дома за Албанец премиер, напиша тој.

Претходна вестОд 153 новозаразени 66 се во Скопје, починаа шест пациенти од вирусот
Следна вестФабио Скано од СЗО: Не е време за олабавување на мерките и за спуштање на гардот