Фрчат предизборни анкети од сите страни, точни ли се?

Почна кампањата, почнаа анкетите. Фрчат проценти, се редат вести со бомбастични наслови на одредени интернет портали и телевизии, се цртаат графикони…

ВМРО-ДПМНЕ е во предност во однос на СДСМ за 3,1 процент, покажува анкетата на Институтот БИПС… СДСМ стартува со блага предност пред ВМРО-ДПМНЕ во кампањата за парламентарните избори од 1,6 процент, според агенцијата „М-Проспект“…ВМРО-ДПМНЕ има предност од 1,1 процент, според анкетата на „Маркет вижн“…

Вакви резулатати од истражувањата граѓаните се почесто ги слушаат деновиве спроти и на почетокот на изборната кампања. Не е проблем што се појавуваат вакви истражувања на јавното мислење туку е проблем што кај нас, по се изгледа, пак се поворува истата приказна со анкетите и анкетарите.

А таа е дека се насетуваат сомнежите во објективноста и непристраноста на некои од нив. Доволен доказ се веќе видливите разлики во резултатите кои не би требале да им се случуваат на релевантни анкетни институции кои испитуваат не толку големо македонско избирачко тело. Катастрофалните промашувања кои во изминативе години при гласањата на изборите и на референдумот ги направија некои агенции очигледно не им беа доволна поука. Колку за потсетување, на последниов референдум речиси сите анкетни агенции ептен ги утнаа прогнозите за излезноста на граѓаните која едвај достигна 37 процнети. Наспроти ова, агенциите предвидуваа одѕиви 66 отсто, 63 проценти, 57,8 процнети…

Во сеќавање е лошата прогноза на агенцијата „Рејтинг“ од претседателските избори во 2014 година кога предвиде победа на тогашниот кандидат Стево Пендаровски против Ѓорге Иванов, а се случи сосема спротивното. Истата таа агенција, на последните претседателски избори предвидуваше дека разликата меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска ќе изнесува 5,1 процент но, на крајот, таа беше само 0,61 отсто.

И овој пат ли така ќе се промашува со процентите или овој пат ќе бидат точни и прецизни?

Претходна вестХрватска повторно воведе 14-дневен карантин за македонски државјани
Следна вестУтре втора фаза од прскањето против ларви од комарци