Вкупно 657 граѓани во изминатово деноноќие направиле прекрошок со неносење на заштитни маски, информира денеска МВР. Казна за ваков вид прекршок изнесува 20 евра во денарска противвредност.
-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19, се наведува во соопштението на МВР.