Во текот на изминатото деноноќие во Македонија по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 749 прекршоци, соопшти денеска МВР. Санкција за овој вид прекршок изнесува 20 евра во денарска противвредност а доколку се плати во рок од осум дена – 10 евра.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.