Сончево со слаб ветер

На скопското подрачје денеска ќе преовладува претежно сончево време со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Сончево време со мала до умерена локална облачност се очекува и на подрачјето на цела земја. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 9, а максималната од 14 до 21 степен.

Во текот на следната седмица времето ќе биде стабилно со студени утра и ниски минимални температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.

Претходна вестПроекција на „Иднината започнува денес“ вечерва во МНТ
Следна вестКазни за 749 граѓани за неносење маски