Казни за 749 граѓани за неносење маски

Во текот на изминатото деноноќие во Македонија по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 749 прекршоци, соопшти денеска МВР. Санкција за овој вид прекршок изнесува 20 евра во денарска противвредност а доколку се плати во рок од осум дена – 10 евра.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.

Претходна вестСончево со слаб ветер
Следна вестПратениците неделава ќе одлучуваат за носењето на маски на отворено