Казнет ли е некој од политичарите што на бина без маски држеа прес-конференции?

На изборниот ден во неделата, уште само еднаш се покажа дека маските не се задолжителниот „аксесоар“ на политичарите кога станува збор за собири, славење, исто како и за време на кампањата. Но ковид-вирусот не е минато, напротив уште е силна закана заради која мерките и протоколите уште важат. Ама изгледа не за функционерите и за изборите.

-Берете памет, има многу болни. Гедате дека е распашана команда. Затворен простор и луѓе без маска е идеална ситуација за делта сој, алармира на Фејсбук, докторот Ненад Лазаров.

Она што во неделата вечерта освен изборните резултати остави впечаток е токму фактот што и за време на прес-конференциите на лидерите на двете најголеми партии ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, имаше густо наместена поддршка во позадина – без маски.

На полноќното обраќање на премиерот Зоран Заев, на бината присуствуваше и министерот за здравство Венко Филипче. Ни тој не носеше маска. Прашањето кое останува е кој ќе одговара за неносењето маски меѓу нив?

И последната ковид-статистика за 24 часа е ужасна: 24 лица ја загубиле битката со вирусот. Смртноста не стивна, две години по ред, со исклучок на летниот период кога министерот за здравство рече дека наскоро ќе прогласи крај на пандемијата. Сега го живееме есенско-зимскиот бран.

Претходна вестВо Советот на Скопје, ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ со 25.828 гласа
Следна вестСе отвора изложбата на Трипков со наслов „Изолациско расположение – креативни рефлексии“