Се отвора изложбата на Трипков со наслов „Изолациско расположение – креативни рефлексии“

Вечерва во 19 часот, во Мала станица ќе биде отворена самостојната изложба – шеста по ред, на уметникот Лазе Трипков.

Насловот е „Изолациско расположение – креативни рефлексии“ инспирирани од преизвиците на новото време. Инаку за време на изолација во април 2020, Трипков започна со својот визуелен проект кој привлече внимание и во државата, но и пошироко, а делата беа изложени во неколку држави.

-Сите плакати или визуелни размислувања се лична рефлексија и се одраз на лични доживувања. Доминираат пејзажите, можеби поради карантинот, а има многу колажи и колажни експресии кои имаат за цел да го манифестираат ставот на Трипков кон изолацијата и дополнитeлно да помогнат во артикулацијата на неговиот личен развој како визуелен уметник, се вели во најавата за изложбата.

Претходна вестКазнет ли е некој од политичарите што на бина без маски држеа прес-конференции?
Следна вестЕурофарм Пелистер против француски Ним на стартот на Европската лига