Ќе бидат ли новите пратеници поразлични, наплатија ли патни трошоци?

Со заштитни маски, мерење на температура и други превентивни мерки денеска на пладне почна конституирањето на новиот пратенички состав на македонскиот парламент. Со седницата треба да претседава досегашниот претседател на Собранието, Талат Џафери, кој вчера ја напушти Инфективната клиника во Скопје.

Седницата ќе се одвива според здравствени протоколи и критериуми за да се намали ризикот од евентуално ширење на корона вирусот. За да се запази физичка дистанца, конститутивната седница ќе се одржи во Големата сала на Собранието (Голема купола). На пратениците ќе им биде обезбедена заштитна опрема, а гласањето ќе се одвива рачно (со картончиња).

До конституирањето на парламентот доаѓа по неодамнешните вонредни парламентарни избори, на кои СДСМ со колацијата освои 46 пратенички мандати, ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата 44, ДУИ 15, коалицијата АА и Алтернатива 12, Левица два и еден ДПА. Од денеска се очекува и да почнат меѓупартиски консултации за создавање на парламентгарно мнозинство.

Според најавите денеска најнапред ќе се бира претседател на Верификационата комисија, па потоа ќе се верифицираат  мандатите на пратениците, избор на претседател, заменик, членови на Комисијата за прашања на избори и именување и избор на претседател на Законодавниот дом. Мали се шансите денеска да биде избран нов претседател на Собранието, што треба да го изврши новото парламентарно мнозинство за кое се уште не се знае кој ќе го сочинува.

Од новиот пратенички состав граѓаните очекуваат да биде многу поразличен од досегашните. Во пратеничките клупи седнуваат многумина народни избраници за кои ова ќе биде прво учество во составот на највисокото закониодавно тело во земјава. Заради тоа очекувањата се дека тие ќе покажат поинаков однос од досегашните пратеници кои, често, само ги спроведуваа партиските директиви наместо да бидат вистински претставници на граѓаните кои ќе ги застапуватанивните интереси. Освен ова, се очекува тие да бидат и многу поскромни кога е во прашање трошење на државните средства.

Дека се рзлични, пратениците ќе покажат ако брзо донесат промени и во однос на исплата на патните трошоци за нивното доаѓање на седниците од градовите во внатрешноста. Овие трошоци во изминативе години преизвикаа голем револт во јавноста заради висината на износите и сомнежите дека пратениците ги наплатуваат трошоците иако реално не патуваат до Скопје. Само во периодот од 2015 до 2019 година, според податоците на Државната комисија за спречување на корупцијата, на пратениците за ова им се исплатени три милиони евра. Своевидни рекордери во земањето на патните трошоци до сега се екс-пратениците Силвана Бонева на која и се исплатени 23 илјади евра, Мира Стојчевска и Алија Камберовски со 12 илјади евра… Од СДСМ во предизборната кампања најавуваа дека ќе ги укинат овие трошоци и ќе понудат нов модел кој ќе ги елиминира злоупотребите кои досега се правени. 

Ќе го остварат ова ветување?

Претходна вестМаж почина сечејќи дрва во Струшко
Следна вестСледува време со невреме…