Ќе биде ли намален полицискиот час, да трае од 23 до 5 часот?

Одлука за намалување на полицискиот час со која тој од утре би важел во периодот од 23 часа навечер па до 5 часа изутрина се очекува да донесе Владата на денешната седница. Сега е на сила забраната за движење во периодот од 21 до 5 часот изутрина. Владата ќе реши и дали угостителските објекти со гости само во отворениот дел ќе работат до 22:30 како дел од новите предлог мерки донесени на вчерашниот состанок на Централниот кризен штаб.

Причина за олабавувањето на рестриктивните мерки е во подобрувањето на епидемиолошката ситуација во Македонија. За време на продолжениот викенд вкупниот бројот на заразени продолжи да се намалува, и тоа од 14.747 на 30 април, на 13.915 на 3 мај. Во истиот период вкупно новозразени беа 746, а оздравени 1.700 пациенти. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 152.747, бројката на оздравени пациенти е 133.871, на починати е 4.961, а бројот на активни случаи изнесува 13.915.

Претходна вест„Неонски срца“ на режисерката Ана Јакимоска е најдобар македонски филм на фестивалот „Филмај 2021„
Следна вестВисоки скали, а ниска оценка Мицкоски му пиша на Шилегов, ќе има ли дополнителен испит?