Ќе фати ли метла некој функционер да и помогне во чистењето на „Не биди ѓубре“?

Еколошка акција ќе се организира на кејот на Вардар. Ама не од надлежните. Чистењето го планира и ќе го спроведе граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“ во соработка со Институтот за комуникациски студии во рамки на кампањата „Разбуди се“.

– Неконтролираното исфрлање на цврстиот отпад на крајбрежјата на реките и езерата е еден од најсериозните проблеми за нивното загадување. Поради отсуството на контрола и санкционирање на несовесното фрлање на комуналниот отпад, покрај водотеците и во градските населби и во селските средини се создаваат диви депонии. Од нив голема количина пластика завршува во водите, предизвикуваат контаминација на подземните води, а потоа истата вода се употребува за наводнување на земјоделските производи. Отпадот наместо да биде соодветно собран, класифициран и обработен, целосно ги загадува водите, информираат од Институтот за комуникациски студии.

Иницијативата и институтот не се владини институции и немаат соодветни механизации за чистење, ама сепак одлучуваат дека со сопствени сили и средства ќе направат максимум. Прашањето е дали „Комунална хигиена“ ќе им се приклучи? Дали некој од функционерите можеби ќе земе метла в рака? Или пак тие се за пред камери и фини нешта?

До сега се нема пријавено ниедно јавно претпријатие дека ќе и се приклучи на иницијативата, ниту пак дека ќе донира средства за да им се помогне во работата.

Претходна вестМакедонските ракометарки со максимални три победи одат во баражот за СП 2021
Следна вестДенеска во УНЕСКО во Париз се одбележува 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески