Ќе се пријави ли јунак да ја урне дивоградбата во Мавровка, и дали претходно градоначалникот ќе се „запознае“ со газдата?

Од денеска течат роковите за да се изнајде „јунак“ фирма, што ќе ја урне дивоградбата кај Мавровка. Но прашањето што скопјани ги мачи, или поточно веќе знаат што да очекуваат е: дали воопшто ќе се пријави „булдужер“?
– Штом општината се вадеше на тоа дека официјално не се знае кој е газдата на објектот па тешко одеше претходната фаза на информирање на конкретната личност дека треба сам да го направи и плати уривањето – можам само да замислам дека сега нема ни да се пријави ниту една фирма што ќе тргне да ги срамни со земја поставените бетонски конструкции на местото на некогашното кафуле „Фонтана“, пишува Мирче Б. наш редовен читател и жител на Чаир.

Сликата од терен е дека последниве 13 дена не се гради ништо. Објектот е застанат до каде што стигна: бетонски плочи и ѕидови што се најава за се што може да се нарече зграда само не за кафуле – за што самиот градоначалник гарантираше дека – според дозволата за градба и според ветеното од сопственикот односно инвеститорот, ќе биде. Ганиу пред повеќе од месец дена ги убедуваше новинарите да не се прави тенденциозна паника „оти на местото ќе си никне истата „Фонтана“„. По околу неколку недели целосно го промени мислењето и почна да зборува дека е дивоградба.

Зачинот на оваа „мистериозност“ е што Ганиу никогаш не објасни зошто го смени мислењето, и како наеднаш сопственикот на сега дивоградбата стана непознат за надлежните.
– Ќе се „запознае“ ли чаирскиот градоначалник со газдата на „Фонтана“ пред да се урива дивограбата, и дали воопшто ќе се јави некоја компанијана огласот што ќе ја урне?! – прашува Соња М. наша редовна читателка од Аеродром.

Претходна вестДИК не го тестирала софтверот пред изборите, направила и други пропусти за заштита на личните податоци
Следна вестПоследна изложба на „Скопско лето“, фестивалот се затвора