При интервенција на на пожарникари во куќа во Кичево било пронајдено починато 79-годишно лице. Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош.
– На 09.12.2023 година во 04.45 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека во куќа во Кичево, сопственост на Т.Ј.(79) од Кичево, настанал пожар. При интервенција на Територијалната противпожарна единица, бил пронајден починат сопственикот на куќата, информираат од МВР.
Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кичево.