Момче прегазило пешак, пријателите се обиделе да го сокријат

Уапсени две лица кои се обиделе да прикријат возило со кое момче удрило во пешак, соопшти МВР. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

– На 08.12.2023 во 14.50 часот било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар– с.Градец, кај с.Врапчиште, патничко возило „голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.М.(29) од с.Врапчиште, удрило во пешакот Н.П.(70) од с.Зубовце. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Н.П., констатирани во Општата болница Гостивар, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

– Во врска со настанот, во 20.30 часот во с.Врапчиште, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода С.М.(44) и А.М.(40) од истото село, поради сомнение дека се обиделе да го прикријат возилото кое учествувало во сообраќајната несреќа, појаснуваат од МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Претходна вестКичевчанец настрадал во пожар во својата куќа
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Со Талат премиер се случува целосна ДУИзација