ВМРО-ДПМНЕ: Со Талат премиер се случува целосна ДУИзација

Со назначувањето на Талат Џафери за технички премиер, на Македонија и се случува целосна ДУИзација, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Уште еднаш на дело се покажа и докажа дека ДУИ е власт, а СДС подизведувач. Како Ахмети им свири, така Ковачевски и СДС играат. Ковачевски само за да опстои уште некој месец, спремен е се да им отстапи на ДУИ и Ахмети и тоа на штета на македонскиот народ. СДС и Ковачевски не го прифаќаа предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на техничката влада, за да може Џафери да биде премиер, се вели во партиското соопштение на оваа партија.

Претходна вестМомче прегазило пешак, пријателите се обиделе да го сокријат
Следна вестШест француски тинејџери осудени за нивната улога во убиство на наставник во 2020-та