Францускиот суд во петокот осуди шест тинејџери за нивната улога во убиството на наставникот по историја Самуел Пати во 2020 година, што ја шокираше земјата. Четириесет иседумгодишниот Пети на учениците користел карикатури на пророкот Мухамед за време на лекција за слобода на изразувањето, што разгневило некои родители муслимани, затоа што изобразувањето на слики на Мухамед во исламот се смета за богохулење и голема навреда.
Меѓу учениците на кои им се судеше имаше и една тинејџерка која наводно им кажала на своите родители дека наставникот Пети побарал од студентите муслимани да ја напуштат просторијата пред да ги прикажат карикатурите. Судот ја прогласи за виновна за лажни наводи и клевета, бидејќи се утврдило дека во тоа време воопшто не била на настава.
Наставникот Пети беше обезглавен со нож пред во париското предградие Конфлан Сент-Онори од 18-годишен напаѓач со чеченско потекло, . Набргу по нападот напаѓачот беше астрелан од полицијата.
Петмина обвинети, кои во моментот на нападот имале 14 и 15 години, судот ги прогласи за виновни за учество во злосторничко здружување со умисла, за пружање помош при подготовки за сериозно насилство и за укажување на наставникот на напаѓачот.
Најстрога казна доби адолесцент кој е осуден на шест месеци затвор. Тинејџерите за време на судењето тврдеа дека не знаеле дека напаѓачот ќе го убие наставникот.