ВМРО-ДПМНЕ нема одлучено дали ќе учествува во техничката влада

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ се уште нема одлучено дали ќе учествува во техничката влада. Таа треба да биде избрана на 28 јануари, а за премиер ДУИ и СДСМ го токмат собранискиот спикер Талат Џафери.

-Во следниот период телата на ВМРО-ДПМНЕ ќе донесат одлука и дали ќе се учествува и евентуално со кои имиња би се учествувало во таква влада, рече Стоилковски во одговор на новинарско прашање на прес-конференцијата пред Владата.

Тој рече дека СДСМ и прави штета на државата што не го прифати нивниот предлог за укинување на проектот „пржинска влада“ за, како што рече, Талат Џафери да го стават за премиер.

-Деспотот од Форино е лик познат во јавноста од неговите кршења на закони и процедури, до снимките со неговите сочни пцости и испади, што никако не е материјал за премиер на држава како Македонија во криза. Но, Македонија со СДС мора да трпи затоа што Мала Речица, Али Ахмети и Артан Груби така му наредиле на Димитар Ковачевски. Тоа е и единствената причина зошто се уште во Македонија постои срамен проект наречен пржинска влада, и зошто нема промена на изборниот модел, посочи Стоилковски.

На прашањето „дали би го гласале ли Јован Митревски за претседател на Собранието“, Стоилковски рече дека тоа е не е важно во моментот.

-Важно е дека Талат Џафери по избор на Мала Речица и со една уцена од ДУИ кон СДС ќе биде премиер во следниот период без никаков легитимитет, вели Стоилковски.

Претходна вестШест француски тинејџери осудени за нивната улога во убиство на наставник во 2020-та
Следна вестМВР го бара човекот кој стои зад лажниот профил што повика на протест и бесење на Спасовски