Дрско рабојништво се случило вчера во Кичево при кое едно лице е рането и ограбено од неколку лица, соопшти полицијата.
МВР информира дека жртвата е М.Т.(62) од Кичево кој бил физички нападнат од неколку лица. Инцидентот се случил вчера попладне на ул.„Арсо Војвода“ во Кичево.
-При нападот едно од нив со пиштол му нанело прострелна рана, по што му одзеле поголема сума на американски долари, евра и денари, во разни апоени. М.Т. бил пренесен во Здравствен дом Кичево за укажување на лекарска помош, информира МВР.
Се преземаат мерки за целосно расчистување случајот.