Сообраќајка во Скопје, тешко повредено едно лице

Жена заврши со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случи вчера на улицата „Јадранска магистрала“.

Станува збор за 40-годишна жена од селото Волково, која управувајќи автомобил се судрила со 32-годишник од Косово, информираат од полицијата.

Жената е пренесена во Градската општа болница „8 Септември“.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Претходна вестПриведен маж поради нарушување на редот на паркингот на Клинички
Следна вестКичевчанец нападнат, ранет и ограбен од неколку лица