Кичевчанец нападнат, ранет и ограбен од неколку лица

Дрско рабојништво се случило вчера во Кичево при кое едно лице е рането и ограбено од неколку лица, соопшти полицијата.

МВР информира дека жртвата е М.Т.(62) од Кичево кој бил физички нападнат од неколку лица. Инцидентот се случил вчера попладне на ул.„Арсо Војвода“ во Кичево.

-При нападот едно од нив со пиштол му нанело прострелна рана, по што му одзеле поголема сума на американски долари, евра и денари, во разни апоени. М.Т. бил пренесен во Здравствен дом Кичево за укажување на лекарска помош, информира МВР.

Се преземаат мерки за целосно расчистување случајот.

Претходна вестСообраќајка во Скопје, тешко повредено едно лице
Следна вестЉупчо Димовски е новиот претседател на СПМ