Кина и САД ќе ја обноват воената комуникација на високо ниво

Средбата на кинескиот претседател со неговиот американски колега ги покажа првите позитивни резултати. Имено, Кина и САД се согласија да ја обноват комуникацијата на високо ниво меѓу нивните војски, вклучително и работни состаноци меѓу министерствата за одбрана, објавија денеска кинеските државни медиуми, повикувајќи се на изјавата на претседателот Си Џинпинг на неговата средба со претседателот Џо Бајден.

Си Џинпинг, исто така, рече дека двете земји се договориле да формираат работна група за соработка меѓу Кина и САД за борба против наркотици, објави кинеската државна телевизија.

-Кинескиот претседател Си Џинпинг и американскиот претседател Џо Бајден се согласија да ги обноват воените комуникации на високо ниво засновани на еднаквост и почит, јави Синхуа.

На самитот во Калифорнија, двајцата лидери, исто така, се согласија да започнат заеднички владини дискусии за употребата на вештачката интелигенција и да формираат работна група за соработка во областа на борбата против наркотиците.

Бајден и Си се согласија да работат заедно за да го запрат производството и дистрибуцијата на опиоидот фентанил, водечка причина за смртни случаи од предозирање во САД.

Претседателот Си му рече на Бајден дека Кина не се обидува да ги „престигне или замени САД“ и дека „САД не треба да се обидуваат да ја потиснат и контролираат Кина“.

-Кина нема да тргне по стариот пат на колонизација и грабеж, рече Си.

Тој, исто така, го предупреди Вашингтон дека Пекинг не е задоволен од санкциите, како и со другите мерки против кинеските компании.

-Потиснувањето на кинеската наука и технологија е еднакво на кочење на квалитативниот развој на Кина и лишување на кинескиот народ од правото на развој“, додал кинескиот претседател.

Претходна вестПолицијата претресува објекти поврзани со исламистите во Германија
Следна вестРекордна заплена: Во Њујорк одземена лажна луксузна стока во вредност од над милијарда долари