Кина испрати 68 воени авиони и воени бродови околу Тајван

Кина испрати поморски бродови и голема група воени авиони во Тајван, соопшти денеска тајванското Министерство за одбрана. Кинеската Народноослободителна армија прво испрати 38 воени авиони и девет поморски бродови околу Тајван, а потоа на островот полетаа уште 30 авиони, меѓу кои и ловци Ј-10 и Ј-16.

Тајван треба да ја одржи годишната вежба Хан Гуанг кон крајот на овој месец, на која неговата војска ќе вежба борбена готовност за да спречи инвазија.

Тие, исто така, ќе спроведуваат годишни вежби „Ванан“ чија цел е подготовка на цивилите за природни катастрофи и евакуација во случај на воздушен напад.

Претходна вестБраво: Едно злато, едно сребро, две бронзи и две пофалници за Македонија на Интернационалната математичка олимпијада
Следна вестВучиќ за санкциите на САД против Вулин: Кокаин е пронајден во Белата куќа, а не кај Вулин