Кина денеска соопшти дека е потребна „голема претпазливост“ во врска со проширувањето на НАТО кон исток. Ова реакција на кинеслите власти е по медиумските извештаи дека Алијансата планира да формира канцеларија во Јапонија за да ги олесни консултациите со сојузниците во регионот.
– НАТО планира да ја отвори својата прва канцеларија за врски во Азија, во Јапонија, за да ги олесни разговорите со безбедносните партнери како Јужна Кореја, Австралија и Нов Зеланд, имајќи ги предвид геополитичките предизвици што ги поставуваат Кина и Русија, објави во средата весникот „Никеи Азија“ повикувајќи се на изјави на јапонски и претставници на НАТО.
Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг рече дека Азија е „перспективна за соработка и развој и не треба да биде арена за геополитичка борба“.
– Постојаното ширење на НАТО кон исток во азиско-пацифичкиот регион, мешањето во регионалните работи, обидите за уништување на регионалниот мир и стабилност и поттикнувањето конфронтација на блокот бараат голема претпазливост во земјите во регионот, рече Мао на редовната прес-конференција.
„Никеи Азија“ објави дека предложената канцеларија треба да биде отворена следната година во Токио. На прашањето за извештајот, портпаролката на НАТО, Оана Лунгеску, рече дека Алијансата нема да навлегува во деталите од разговорите на НАТО-сојузниците.
– НАТО има канцеларии за врски и договори со многубројни меѓународни организации и земји партнери, а сојузниците редовно ги оценуваат овие договори за да се осигурат дека најдобро им служат на потребите и на НАТО и на нашите партнери“, речеа таа.
Лунгеску додаде дека НАТО има блиско партнерство со Јапонија кое континуирано расте.