Кинеска зграда каде што живеат 20.000 луѓе

Во средиштето на деловниот град Чијанжијанг Сенчури Сити, во рамките на населбата Хангжоу, се наоѓа „Реџент интернејшнал“ – еден од најголемите станбени згради во Кина.

Овој џиновски комплекс е висок повеќе од 200 метри и има над 260.000 квадратни метри површина. Дом е на речиси 20.000 луѓе, а може да прими и 30.000 жители.

-Она што го прави уникатен е фактот што луѓето никогаш не мора да ја напуштаат зградата за да ги задоволат своите секојдневни потреби, пишува „Јунилад“.

Имено, тука не се работи само за станбен комплекс – тоа е „микрокосмос“ што обезбедува сѐ што е потребно за живот.

Жителите имаат пристап до широк спектар супермаркети, ресторани, берберници, салони за фризури и нокти, базени, интернет-кафулиња…

Огромната зграда првично била замислена како луксузен хотел со шест ѕвезди, а потоа е претворена, делумно и во станбен комплекс. Денес е дом на повеќе јавни личности, блогери и познати ѕвезди.

Говорејќи за изнајмувањето, стан без балкон чини 1.500 кинески јуани (скоро 200 евра) месечно, а апартман со балкони може да чини и до 4.000 јуани (скоро 520 евра) месечно.

Претходна вестВикендов во Вишни и во Охрид МПЦ-ОА ќе ги канонизира светите Спаса и Спасе Вишенски
Следна вестДеспотовски: Нема да зборувам туку ќе работам, СДСМ има потреба од нов почеток