Киплагат победи на Скопскиот маратон, Ивановски трет, Поп Арсова прва на полумаратонската трка

Виктор Киплагат од Кенија победи денеска на Скопскиот маратон откако патеката долга 42 километри ја истрча во време од 2:15:09 часа и во доминантен стил ја однесе победата на 19. издание на оваа манифестација на којашто учествуваа повеќе од 11.000 учесници.

Втор низ целта мина неговиот сонародник Лабан со време од 2:16:03, додека третото место го освои македонскиот рекордер во маратон Дарио Ивановски со резултат 2:19:08.

Во женска конкуренција победи Рут Матебо од Кенија со време 2:8,48.

Во полумаратонската трка Поп Арсова постигна време од 1.21.19, по што следеа Греша Бакрачи со 1.23.20, а трета беше Наиле Сеферај со 1.29.53.

Кај мажите на полумаратонот најдобар беше Бен Фелтон од Велика Британија со 1.09.17, по што следеше Србинот Велимир Бојовиќ со 1.09.55, а трет беше Леонид Вандевски со 1.10.10.

Претходна вестГрад Скопје распиша конкурс за директор на МКЦ
Следна вестМајката на убиецот од Хром предизвикала пожар за да се прикријат трагите од свирепото убиство со 45 убоди со нож