Кисела Вода поставува надворешни пречистувачи за воздух во парковите

Надворешни прочистувачи за воздух почнаа да се поставуваат на јавни отворени површини во скопската општина Кисела Вода.  Пречистувачите се поставуваат во најголемите паркови, каде што има најголема фреквенција на луѓе.

–Во рамки на родендеската седмица на општина Кисела Вода, денес повторно излегуваме со многу значаен проект, прв во Македонија. Се работи за 5 најсовремени Filter Cube III 5 уреди за надворешна употреба кои се со ненадминливи перформанси досега. Со максимален проток на воздух на Filter од 16,625 м³/ч, обезбедуваат оптимално прочистување на воздухот. Ова се многу моќни и ефикасни уреди со тежина од 1000 кг и димензии 94 см x 94 см x 360 кои се долготрајни и мошне тивки, кои ќе бидат поставени во парковите и каде што има голема фрекфенција на луѓе и ќе го прочистуваат воздухот, информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Претходно, поставени се најсовремени внатрешни пречистувачи на воздух во ООУ ,,Невена Георгиева-Дуња” во сите училници.

Претходна вестМАЕИ: Не го признаваме пописот во Албанија, бројките за македонското малцинство се манипулирани и фалсификувани.
Следна вестВремето денеска ќе биде сончево и потопло